ПОЛОЖЕНО СВЕЖО ЦВЕЌЕ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ПОЛОЖЕНО СВЕЖО ЦВЕЌЕ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

По повод денот на независноста на Република Македонија – 8 Септември, денеска пред споменикот на НОАВМ во Битола, свежо цвеќе положија Градоначалникот на Општина Битола, претставници од Советот на општината, политичките партии и други организации. Градоначалникот Талески, на сите граѓани на Република Македонија им го честита денешниот ден:
„Нека ни е честит 8 септември – Денот кој е симбол на сплотување на сите идеи и сите напори на генерации наназад. Честитки за луѓето кои што најдоа начин, храброст, сила, мудрост, упорност и истрајност и пред 23 години го направија потребното. Тоа го направи македонскиот народ и сите наши граѓани. Тоа е голема придобивка, затоа што овој 8 Септември којшто многумина знаат да го наречат и нов Илинден, денеска значи обединување на сите различни концепти, политички партии, идеологии во едно – Независна, суверена Република Македонија. Ова што го имаме денес е реализација на сонот на многу генерации пред нас. Убеден сум дека оваа голема придобивка, ќе знаеме и ние како денешни генерации максимално да ја искористиме за обединување на Република Македонија во сите Европски и Светски процеси во економска, стопанска, политичка смисла со што ќе оставиме еден убав влог за идните генерации. Нека ни е Честит 8 Септември“, рече градоначалникот на општина Битола, д-р Владимир Талески.