Делегацијата од Р.Бугарија предводена од Н.Е. г-дин Иваило Калфин заменик претседател на Владата и Министер за надворешни работи престојуваше во нашиот град по повод отварањето на генералниот Конзулат на Р.Бугарија во РМ. Н.Е. г-дин Калфин прво оствари средба со Градоначалникот г-дин Талески и Претседателот на Советот г-ѓа Кузмановска. На средбата присуствуваа Н.Е. г-дин Михо Михов Амбасадор на Р.Бугарија во РМ и Н.Е. г-дин Антонио Милошоски Министер за надворешни работи на РМ
Свечано беше отворен Генералниот Конзулат на Република Бугарија во Битола во присуство на видни гости како од Р.Бугарија така и од Р.Македонија.