СОСТАНОК НА ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ НА БИТОЛА И ПРИЛЕП СО РЕКТОРОТ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“

СОСТАНОК НА ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ НА БИТОЛА И ПРИЛЕП СО РЕКТОРОТ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“

По втор пат на покана на ректорот на УКЛО, проф. д-р Златко Жоглев се одржува средба со Градоначалниците  на Битола Владимир Талески и Прилеп Марјан Ристевски во рамките на зацртаната соработка со двете локални самоуправи кои се најголеми во Пелагонискиот регион и каде се сместени најголемиот број на високообразовни единици на УКЛО.
На едночасовниот состанок беа разгледани повеќе актуелни прашања, пред се за тоа како Универзитетот “Св. Климент Охридски” со своите капацитети што повеќе да се вклучи во општествениот живот во насока на зајакнување на административниот и стопанскиот сектор во регионот.