БИТ ФЕСТ:ПРОМОЦИЈА НА ЕДИЦИЈАТА „ТЕАТАРОТ ВО МАКЕДОНИЈА“ ОД РИСТО СТЕФАНОВСКИ

БИТ ФЕСТ:ПРОМОЦИЈА НА ЕДИЦИЈАТА „ТЕАТАРОТ ВО МАКЕДОНИЈА“ ОД РИСТО СТЕФАНОВСКИ

Театрологот, долгогодишен театарски работник и театарски историчар Ристо Стефановски, во рамките на „БитФест“ ја претстави едицијата „Театарот во Македонија“, авторски труд на 6.000 страници.
 
Едицијата е збир од 12 книги посветени на театарот, кои почнуваат од античкиот период, а завршуваат со сите релевантни настани за театарот до 1991 година, изјави авторот Стефановски најавувајќи ја втората едиција посветена на театарот во Македонија.
 
-Во едицијата се поместени активностите на сите театари во Македонија, на театрите во Скопје, операта, балетот, турскиот и албанскиот театар, театрите во Битола, Прилеп, Куманово, Штип, театрите што биле затворени, нивните проблеми и се што е поврзано за богатата историја на театарот во Македонија. Но, јас веќе почнав со втората едиција, а првата книга е веќе изработена и содржи записи што сум ги водел од 1946 година и во нив се говори за „другата страна“, за тоа што се случувало во театарот, за проблемите за кои неможело гласно се зборува и кажува. Тоа претставува една моја вистина, едно мое искажување и верувам дека во рамките на втората едиција ќе има исто така многу книги, изјави Стефановски.
 
Овој промотивен настан е дел од битолското културно лето БИТ ФЕСТ 2014:
 
-Евидентно е дека едицијата е едно од најзначајните нешта што се направени за театарот во Република Македонија. И, не само во Република Македонија, туку и во нашето опкружување – на Балканот бидејќи неговото истражување е од антиката до денес. Голема е придобивката за сите нас што Стефановски се запишал и објавил, и е составен дел на историјата и научната дејност во Македонија, рече градоначалникот Талески.
 
Едицијата „Театарот во Македонија“ ја промовираше Јордан Плевнеш.