БИТ ФЕСТ:„Трпеза филмски фестивал“ Слоу фуд

БИТ ФЕСТ:„Трпеза филмски фестивал“ Слоу фуд

Во Битола, во рамките на Бит Фест 2014, за првпат на 20 и 21 јули ќе се одржи првиот ТРПЕЗА ФИЛМ ФЕСТИВАЛ во Завод и Музеј и кафе бар Јагода во организација на Slow Food Млади Македонија заедно со Slow Food Битола.
Речиси да нема филм во кој храната  не се појавува во кадар, но ретки се филмовите во кои храната ја игра главната улога или недоволно ја познаваме филмската уметност…
Има безброј приказни кои преку филм раскажуваат за храната, а таа, пак раскажува за нас и нашето општество. Храната е култура, храната е идентитет.
Симболиката на трпезата, каде се собираме е културен настан и прилика за размена на идеи и ставови. Затоа и на ова прво издание на ТРПЕЗА ФИЛМ ФЕСТИВАЛ на дебатите, форумите и работилниците кои се предвидени во програмата ќе дебатираме за уништувањето на биодиверзитетот и животната средина, здравствените проблеми на консументите, злоупотреба на животните и нерамноправен пристап на глобалниот пазар. Постојниот систем на храна има сериозно негативно влијание врз општеството и животната средина, како и на локалната гастрономска култура како заедничко наследство кое треба да се зачува.
Целта на Трпеза Филм Фестивал (ТФФ) е едноставна:  со едукација на луѓето преку филмот за храна,  да почнат да размислуваат многу посуштински за храната и изборите кои секојдневно ги прават за себе, но и за планетата.
Покрај прокециите на филмовите кои во кадар ја ставаат храната и нејзината моќ да ги промени нашите перцепции, дебатите и форумите ќе понудиме и одлично афтер филм парти. Во недела, готвиме заедно со ДЈ Соња Исмаил, а во понеделник ќе ја консумираме музиката на група Гром кои ќе одржат свој концерт во Јагода.
Бидејќи силно веруваме дека помагањето не прави подобри, пред кафе бар Јагода од сабота па сѐ понеделник ќе бидат отворени штандови на кои сите заинтересирани ќе може да донираат нерасиплива храна која директно ќе се донира во Народната кујна во Битола.
Во двата фестивалски дена, ќе се случи и готвачкото шоу каде парови ќе готват заедно и ќе ја пренесат пораката дека љубовта доаѓа преку желудникот и токму затоа треба да бидеме многу внимателно со што се храниме како и акцијата за селекција и рециклирање на отпад од амбалажи заедно со ПАКОМАК.
Ве очекуваме на првото издание на ТРПЕЗА ФИЛМ ФЕСТИВАЛ, 20 и 21 јули, Завод и Музеј Битола и кафе – бар Јагода

https://www.facebook.com/events/1504449656457264/?fref=ts

https://www.facebook.com/www.slowfood.mk?fref=ts