Новите цивилизациски текови, новите технологии, овозможија нови правци на креативна обработка, документирање и презентација на народната култура.
Со цел традицијата да претставува инспирација на новите генерации, како и да се овозможи документирање, стручна анализа и креативна презентација на културните вредности на фестивалот „Илинденски денови“ од 2012 година воведе вечер на презентација на етнолошки филмови. Оваа година публиката имаше можност да ги проследи филмовите: „Русалиски обичаи во Гевгелиско“ и „Ѓурѓовденски обичаи во скопско“.