ФЕСТИВАЛ НА ЛИТЕРАТУРА И АУДИО ВИЗУЕЛНИ УМЕТНОСТИ „300 РАБОТИ 300“

ФЕСТИВАЛ НА ЛИТЕРАТУРА И АУДИО ВИЗУЕЛНИ УМЕТНОСТИ „300 РАБОТИ 300“

Фестивалот на литература и аудио визуелни уметности „300 РАБОТИ 300“ е во траење од четири дена, а првиот ден започнa со промоција на книга „Снежна пустина“ од Игор Трајковски Фоја (вклучувајќи и промоција на аудио визуелно шоу, а гостите имаа можност да добијат бесплатен примерок од книгата. Станува збор за научна фантастика каде главниот лик кој поседува натприродни моќи патувајќи и во потрага по сопствени цели завршува во Битола кон крајот на германската окупација и со цел да ги исполни неговите намери мора да придонесе во зачувувањето на Битола т.е да не се бомбардира Битола од страна на германскиот окупатор.