БИТ ФЕСТ „ДЕЧИЊА – МЕЧИЊА“ – ДЕТСКИ КРЕАТИВЕН ФЕСТИВАЛ

БИТ ФЕСТ „ДЕЧИЊА – МЕЧИЊА“ – ДЕТСКИ КРЕАТИВЕН ФЕСТИВАЛ

ЗООЛОШКА ГРАДИНА (од 13 – ти до 19 –ти јули)
ЦЕЛ:ПОДОБРУВАЊЕ НА УСЛОВИТЕ ВО ЗООЛОШКАТА ГРАДИНА

Природата најголем уметник – животните наши модели – цртаме, боиме се забавуваме.
Зоолошката градина во Битола, Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион и Биосфера – Центар за едукација, заштита на животната средина и природата, започнувајќи од оваа година, во летниот период го спроведуваат проектот „Лето во зоолошката градина“
    Во текот на месеците јули и август во просторот на Зоолошката градина ќе се организираат бројни настани со цел да се привлече вниманието на пошироката јавност особено на децата и младите .
    Содржините кои се нудат се од едукативно забавен карактер со една единствена цел да ја поттикнат љубовта кон животните и културата на однесување кон нив како и развивање на емоционални и социјални вештини кај посетителите на Зоолошката градина преку дружење игра и забава.
    Во периодот од 13 – 19 јули 2012 година во просторот на Зоолошката градина ќе се реализираат содржините на детскиот креативен фестивал „Мечиња – дечиња“.
    Во овие денови, секое попладне од 18 часот ќе се реализираат повеќе содржини во кои учество можат да земат сите заинтересирани.
Покровител на детскиот креативен фестивал е м-р Владимир Талески – Градоначалник на општина Битола во рамките на „БИТФЕСТ 2012“.