По четврти пат и оваа година се одржа Ѕвездена орбита на популарноста во организација на Видео Мозаик и ТВ Орбис, на плоштадот Магнолија.
Ѕвездената орбита на популарноста ги опфаќа сите млади луѓе кои сакаат да се забавуваат, но и постарата генерација која сака да ужива во убавата македонска музика. Најмладите пак ќе се забавуваат преку Ѕвездената орбита на популарноста посветена на детските песнички. И оваа година, под ѕвезденото небо продефилираа најпопуларните изведувачи на македонската музичка сцена од забавната, народната и детската музика. Манифестацијата е масовно прифатена од битолчани, но и од иселениците кои во летните месеци искористувајќи го годишниот одмор доаѓаат во посета на своите роднини и најблиските во родниот крај.