БИТ ФЕСТ 2011 –„Илинденски денови“

БИТ ФЕСТ 2011 –„Илинденски денови“

 
Одржана интернационална вечер на која  се претставија: Мексико со Балет фолклорико “Оризаба”, Турција со ТФГ “Хој-тур” Чанкаја, ФА”Врзосовиание” Поцзесна – Полска, ФА “Реситеана”-Ресита Романија.
 
41 издание на Републичкиот фестивал “Илинденски денови” беше свечено затворено со НУ Ансамбал за народни игри и песни на Македонија “Танец”.  Концертот е по повод “20 години независна Македонија”.
 
Националната установа Ансамбл за народни игри и песни на Македонија “Танец” веќе шест децении непоколебливо ја остварува својата благородна мисија – истражување, собирање, обработка и сценско адаптирање на најрепрезентативните сегменти од македонската традиционална ризница.
 
Со своите бројни импресивни и оригинални концертни изведби “Танец” го маѓепсува народот ширум сценските простори во Европа, Азија, Северна Америка и Австралија.