Акапела хорот “Октетет” е формиран 2008 година како нова група од музичкото друштво – познатиот и реномиран октет Десетти брат кој постои 30 години. Новиот октет е со назив “Октетет” што значи мал октет. “Октетет” го сочинуваа 8 млади момчиња на возраст од 23 до 31 година.
Младиот состав е под водство на Бојан Желиќ и досега има настапувано во повеќе земји во светот. Во нивната агенда оваа година за прв пат е и Македонија. Во нивната програма планирана е изведба на хорски песни од светски автори, како и преработки на словенечки народни песни.