БИТ ФЕСТ КОНЦЕРТ НА ВЛАТКО ЛОЗАНОВСКИ

БИТ ФЕСТ КОНЦЕРТ НА ВЛАТКО ЛОЗАНОВСКИ

 

За љубителите на поп музиката, македонската музичка ѕвезда Влатко Лозановски одржа концерт на ракометното игралиште во Битола  со што ја започна  концертната турнеја на која го промовира новиот албум насловен „Преку седум мориња“. Хитовите од албумот како “Кога мене ќе ме немаш”, “Летам кон тебе”, “Како ден јасно е”, “Нема ден нема ноќ”…, но и постарите како “Сонце не ме грее”, “Блиску до мене”, “Нема да е крај на свет” беа само дел од репертоарот. На концертот, Лозано го придружуваше бендот 2 Егзит како и неговите долгогодишни соработници и пријатели – Панчо и Андреј од ДНК. На концертот гостуваше и Анета од Молика со која Лозано го има снимено дуетот „Со тебе поубав е денот“ што се наоѓа на албумот Преку седум мориња.