BALKAN NUEVO НА БОЈЧЕВСКИ И ДЕДИЌ ПРЕКУ СЛАВЕЊЕТО НА БОГАТАТА БАЛКАНСКА ТРАДИЦИЈА ЈА ВООДУШЕВИ БИТОЛСКАТА ПУБЛИКА

BALKAN NUEVO НА БОЈЧЕВСКИ И ДЕДИЌ ПРЕКУ СЛАВЕЊЕТО НА БОГАТАТА БАЛКАНСКА ТРАДИЦИЈА ЈА ВООДУШЕВИ БИТОЛСКАТА ПУБЛИКА

Во петокот во кристалната сала на Офицерскиот дом, битолската публика уживаше во врвен концерт на квартетот предводен од светски познатиот кларинетист Горан Бојчевски, наш битолчанец школуван во Виена, кој настапувал низ целиот свет со врвни музичари. Тој ги обедини маестралниот Матија Дедиќ, пијанист со посебен израз, Јака Крушиќ на бас и Грегор Хорват на тапани. Овој концерт е дел од програмата на овогодинешното издание на Битфест, реализиран со поддршка на ЈОУ КИЦ Битола. Целосната програма на битолското културно лето можете да ја погледнете на следниот линк https://www.bitola.gov.mk/програма-за-бит-фест-2024/