СЕ АСФАЛТИРА ПАТОТ ВО СЕЛО ДРАГОШ

СЕ АСФАЛТИРА ПАТОТ ВО СЕЛО ДРАГОШ

Градоначалникот на општина Битола Владимир Талески денес ги промовираше инфраструктурните интервенции во населеното место Драгош кои се реализираат на барање на локалното население.  Со оваа интервенција жителите на селото Драгош во иднина ќе имаат нов пат и друга инфраструктурна поддршка која им е неопходна.
„Се трудиме секогаш да излеземе во пресрет на барањата на граѓаните во битолските населени места кои најчесто имаат потреба од реконструкција на локалните патишта. Во селото Драгош реализираме проект кој овозможува поправка на патот во селото и негово поврзување со главниот пат во должина од 1.700 метри. Исто така, побаравме од Агенцијата за државни патишта да помогнат во реконструкцијата на дополнителни 450 метри пат низ селото. Со овој проект го затвораме пакетот инвестиции на локалните патишта помогнати со Европска Банка, а со помош на Светска Банка ќе реализираме уште 4 локални правци“, изјави градоначалникот на општина Битола, д-р Владимир Талески.
Вкупната вредност на инвестицијата во село Драгош е над 6 000 000 денари, а мештаните го изразија своето огромно задоволство од соработката со локалната самоуправа која секогаш ги има предвид потребите на мештаните од сите населени места во општина Битола.