40 МЕЃУНАРОДНИ НАГРАДИ НА МАЛИОТ БИТОЛСКИ МОНМАРТР

40 МЕЃУНАРОДНИ НАГРАДИ НА МАЛИОТ БИТОЛСКИ МОНМАРТР

„Тоше има само ден на раѓање“ е долгогодишното мото на Детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“ од Битола, кои по смртта на најголемата македонска музичка ѕвезда, секоја година го одбележуваат неговиот роденден, бидејќи годината на раѓање на Тоше е година во која започна да работи и ова ликовно студио.Во изминатата 2018 година, Детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“ од Битола доби 40 меѓународни награди, а триесетина веќе пристигнаа и без доделени денес во чест на роденденот на Тоше Проески.

„Овие награди се гордост на Детското ликовно студио, на децата, на нивните родители. Ова се важни награди. Испраќаме колекции по разни метрополи, а од таму добиваме награди како гран при, златни, сребрени медали, спецјални и други награди. Тоа е голем успех. Во светот знаат дека Детското ликовно студио е бренд на Република Македонија. Се трудиме да им покажеме на децата, се школуваат тука бесплатно. Ни доаѓаат и членови од околните општини“, рече Коста Хаџи Антоновски, раководител на студиото.

„Овие таленти се наше богатство и начинот на кој Малиот битолски Монмартр го вреднува сето тоа. Ова е навистина нешто бесценето и претставува благослов за Битола. Ми претставува уживање да гледам низ годините како безброј деца се надоградуваат, се афирмираат во признати артисти зашто уживам да гледам како безброј деца го живеат мојот сон, ова го велам бидејќи сум и самата несуден сликар. Им посакувам да го развиваат својот талент“, истакна Тања Крнчева, претставник од Советот на Општина Битола.

Најнаградуваниот член од Детското ликовно студио за минатата година е битолчанката Ангела Каранфиловска, а најмлад награден член на Детското ликовно студио е осумгодишната битолчанка Матеја Стевановска.