Општина Битола продолжува со чистењето на каналската мрежа според утврдената програма за расчистување и оспособување на каналската мрежа на територијата на општината.
На терен денес се чистеа каналите во близина на с. Олевени.
Со континуираното чистење на територијата на општината досега се опфатени околу 200 километри каналска мрежа.