Во организација на Амбасадата на САД, денес во Општина Битола се одржа презентација на добри практики при менаџирање со човечки ресурси, на која присуствуваа советници од Советот на Општина Битола и вработени во општинската администрација. Презентацијата ја одржа Проф. Лари Хубер од САД, кој во државата доаѓа на покана на Амбасадата на САД. Станува збор за експерт со долгогодишно и богато искуство во градење на добри менаџерски практики на ниво на локалната власт, посебно во областа на човечките ресурси во јавниот сектор.
![](https://www.bitola.gov.mk/wp-content/uploads/2018/06/US_Dobro_prakt_618_1-783x521.jpg)