По повод 150 години од раѓањето на великанот на македонското револуционерно дело, делегација од Општина Битола, предводена од заменик градоначалникот Бојан Бојкоски, придружуван од советниците Ѓорѓи Ѓорѓиевски и Петар Николовски, положи свежо цвеќе пред Спомен куќата на Гоце Делчев во Битола.
Спомен музејот, говори за големото значење на Гоце Делчев, како и за времето кое овој револуционер го поминал во Битола во 1901 година, осветлувајќи ја борбата за национално и социјално ослободување, притоа, засилувајќи го револуционерното движење и револуционерниот дух помеѓу масите во округот.