Денес започна чистењето на каналската мрежа во село Крклино, според утврдената програма на Општина Битола за расчистување и оспособување на каналската мрежа на територијата на општината.
Со овој зафат, продолжува континуираното чистење на каналската мрежа, а досега од страна на општинските јавни претпријатија и АД Водостопанство подружница Битолско поле, исчистени се над 193 километри.