Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски, упати честитка до новата европска шампионка, битолчанката Оливера Наковска Бикова, која освои златен медал во дисциплината стрелаштво со воздушен пиштол.
„Посебна чест ми претставува да ја упатам оваа честитка до Вас, како наша сограѓанка, за освоениот златен медал на Европското првенство, кое се одржа во Хамар, Норвешка. Вашите успеси се познати во целиот свет, но за нас, како битолчани, тоа е дополнителна радост и гордост. Драго ми е што Вашата колекција на медали е збогатена и со европскиот трофеј, покрај олимпиското злато. Општина Битола и натаму ќе биде поддржувач на Вашите континуирани успеси, со цел да останете наша гордост во стрелачките спортови“, рече во честитката градоначалникот Тони Коњановски.