Пратениците од Собранието на Република Франција и членови на “Републиката во движење” (мнозинство), Бертран Сор, Претседател и Грегори Галбадон, Заменик -претседател на групата за француско – македонско пријателство, заедно со Амбасадорот на Франција во Република Македонија, денес остварија средба со градоначалничката на Општина Битола. Ваквите средби се уште една потврда за соработката помеѓу Македонија и Франција, но и најава за чекорите кои ќе следуваат. „Денес сум овде присутен со пратеници од Француската група за пријателство и соработка со Македонското Собрание, затоа што навистина сакаме да ја мобилизираме целокупната македонско – француска поддршка, особено по добивањето на позитивната препорака во извештајот од Европската комисија, полека ќе навлеземе во нова фаза. И навистина ќе ни претстои многу заедничка работа, голем број на соработки, но и напори за да видиме што поголем број на француски претпријатија присутни во Битола, што поголем број на културна соработка со градот. Ќе истакнам и дека француски делегации ќе го посетат градот Битола, затоа што Битола е град, кој што навистина ни е при срце и ќе се обидеме да ја зголемиме севкупната соработка помеѓу двете земји“, изјави амбасадорот на Франција, Кристиан Тимоние. На средбата, беше потенцирано дека континуирано се работи и на пречекот на Македонија во ЕУ, преку зајакната соработка помеѓу македонското и француското собрание. „Вчера имавме посета на Собранието на Република Македонија и се сретнавме со претседателот и со сите членови на пратеничката група која што е надлежна за соработка со француското собрание и поразговаравме за размена на секаков вид на практики низ собранието, но исто така и за начинот на кој што се спроведува демократија, но знаеме дека политиката е еден голем политички компромис. И во Франција и во Македонија постои опозиција, но треба освен меѓусебните конфронтации да знаеме и заеднички да соработуваме, односно да може да ја спроведуваме демократијата за да може да воспоставиме успешна и позајакната соработка помеѓу собранијата на двете земји, што впрочем е наша цел“, изјави Бертнар Сор, претседател на групата за пријателство. Градоначалничката Петровска, нагласи дека денешната посета е само потврда на постојаноста во заложбите на Франција, кон помагање и пријателски однос кон Република Македонија во нејзините интеграции во ЕУ „Секогаш нагласувам, дека ваквите средби се само потврда на она што е мој сон. Не само Македонија, туку и Битола, да го добие заслуженото место, на град кој што ќе претставува атрактивна туристичка дестинација и мислам дека со крајот на мојот четиригодишен мандат, всушност навистина за мене ќе биде најголемиот успех, ако Битола е посетена во секоја уличка и полна со туристи“, изјави градоначалничката на општина Битола, м – р Наташа Петровска. По средбата со градоначалничката Наташа Петровска, пратениците Сор и Галбадон заедно со Амбасадорот на Франција Кристиан Тимоние, присуствуваа на комеморативен настан за жртвите од Првата светска војна на француските воени гробишта. По тој повод свечено беше поставено уметничко дело од длабен камен изработено од француски ученици од Гимназијата „Ла Рокел“ од Кутанс во Нормандија кои се на училишна размена со Гимназијата „Јосип Броз Тито“ од Битола.
- УСЛУГИ
- Службени гласници
- Информации за буџет на општина Битола
- Постапка за планирање и донесување на буџет
- Граѓански Буџет
- Буџетски форуми
- Финансиски капацитет на Општина Битола
- Буџет на Општина Битола за 2024
- Предлог буџет на Општина Битола за 2024 година
- Буџет на Општина Битола за 2023 година
- Предлог буџет на Општина Битола за 2023 година
- Буџет на Општина Битола за 2022 година
- Предлог буџет на Општина Битола за 2022 година
- Буџет на Општина Битола за 2021 година
- Предлог буџет на Општина Битола за 2021 година
- Буџет на Општина Битола за 2020 година
- Предлог буџет на Општина Битола за 2020 година
- Буџет и ребаланси 2020
- Буџет и ребаланси 2019
- Буџет и ребаланси 2018
- Буџет и ребаланси 2017
- Буџет и ребаланси 2016
- Буџет и ребаланси 2015
- Буџет и ребаланси 2014
- Буџет и ребаланси 2013
- Буџет и ребаланси 2012
- Буџет и ребаланси 2011
- Буџет и ребаланси 2010
- Буџет и ребаланси 2009
- Буџет и ребаланси 2008
- Буџет и ребаланси 2007
- Буџет и ребаланси 2006
- Буџет за 2005 година
- Буџет за 2004 година
- Буџет за 2003 година
- Буџет за 2002 година
- Буџет за 2001 година
- Квартални извештаи
- Завршни сметки
- Завршни сметки на основни училишта
- Завршни сметки на средни училишта
- План за јавни набавки
- Пристап до информации од јавен карактер
- Огласи за постапка за јавна набавка
- Oфицери за заштита на лични податоци
- Службеник за млади
- Годишен план за спречување на корупција
- Заштитено внатрешно пријавување
- Постапка за заштита од вознемирување на работно место кај работодавачот
- Процедура за внатрешна комуникација
- Барања за еднократна финансиска помош
- Граѓанско учество и граѓански организации
- Ревизорски извештаи
- Извештаи од извршен инпекциски надзор