ФОРУМИ ВО ЗАЕДНИЦАТА – ТРЕТА ФОРУМСКА СЕСИЈА ВО БИТОЛА

ФОРУМИ ВО ЗАЕДНИЦАТА – ТРЕТА ФОРУМСКА СЕСИЈА ВО БИТОЛА

Во рамките на програмата „Зајакнување на општински совети“, финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка и УНДП, се одржа третата форумска сесија во салата на Советот на Општина Битола.

Форумите  се однесуваат на социјалната инклузија, а за проектите произлезени од сесиите обезбеден е грант во износ од 50.000 Швајцарски франци. Во висина на грантот ќе бидат финансирани 1 до 3 проекти, кои што ќе произлезат од форумските сесии.

Предлозите за проектите ќе бидат дадени непосредно од страна на граѓаните на форумските сесии и тие одлучуваат кои од проектите ќе бидат избрани и реализирани од страна на Општина Битола.

Темата на третата форумска сесија беше презентирањето на одредени предлог проекти и тоа:  (1) – Урбана мобилност – возила прилагодени за лица со попречености, (2) – Мултифункционален урбан центар, (3) – Физичка пристапност во објекти, (4) – Монтесори училница и сала за корективни и превентивни вежби, (5) – Инклузивни училници и игралишта во училишта и градинки, (6) – Вклученост во  културни текови на лица со попречености.

Форумите во заедницата во Општина Битола се една од активностите во која директно учествуваат граѓаните во донесувањето на одлуки на локално ниво за подобрување на нашата општина.