УТВРДЕНИ ПРИОРИТЕТНИТЕ ПРОГРАМИ И ПРОЕКТИ НА ЧЕТВРТАТА ФОРУМСКА СЕСИЈА ОД БУЏЕТСКИОТ ФОРУМ ВО ОПШТИНА БИТОЛА

УТВРДЕНИ ПРИОРИТЕТНИТЕ ПРОГРАМИ И ПРОЕКТИ НА ЧЕТВРТАТА ФОРУМСКА СЕСИЈА ОД БУЏЕТСКИОТ ФОРУМ ВО ОПШТИНА БИТОЛА

Четвртата последователна сесија во рамките на Буџетскиот форум во општина Битола, ги донесе и приоритетните програми и проекти.

Во рамките на сесијата, беше презентиран извештајот на општината за резултатите од Форумскиот процес, беше презентирано сработеното на работната група, преку дискусија и усвојување на предлози, како и презентирање на повратни информации во врска со релевантноста на граѓанските предлози од претходната сесија.

По приоретизирањето на програмите и проектите, присутните донесоа формални одлуки и до Советот на општина Битола дадоа и формални препораки, услогласени од страна на членовите на Форумот.

До Советот ќе биде доставена следната лста со приоритетни програми и проекти утврдени во рамките на Буџетски Форум 2023/2024 година:

Програми:

  1. Програма за активности во областа на спортот и младите,
  2. Програма за заштита на животната средина и природа,
  3. Програма за култура,
  4. Програма за локален економски развој,
  5. Програма за развојни планови,
  6. Програма за социјална заштита,
  7. Програма за уредување на градежно земјиште.

Проекти:

  1. Изградба на спортски комплекс со мала и голема сала (ракомет, одбојка, кошарка), затворен и отворен базен, сали за пинг понг, игралишта за деца со справи и реквизити, тератана, сауна, куглана, стрелана, сала за боречки спортови, паркин простор и скејт парк за ролери,
  2. Годишно одржување на бајк-парк Смолево,
  3. Изработка на Стратегија за Култура на Општина Битола,
  4. Поддршка на Европско Првенство во тенис за деца до 14 години,
  5. Изградба на летна сцена во Градски Парк,
  6. Изградба на терени за одбојка на песок,
  7. Затворање на втората пешачка зона во Стара Чаршија,
  8. Поддршка на реконструкцијата на Планинарски Дом Копанки,
  9. Зголемено финансирање на универзитетскиот спорт во Општина Битола,
  10. Осветлување на реката Драгор долж Стара Чаршија,
  11. Поставување на електронски пречки за влез и излез од зоните за дотур на роба во Стара Чаршија,
  12. Реконструкција на Бањата во Битола,
  13. Поддршка на организацијата на женска ноќна трка во атлетика,
  14. Организација на натпревар за најдобар украсен излог во Стара Чаршија.

Кон крајот на сесијата, беа утврдени следни чекори, преку инструкции за работната група во текот на 2024 година, а присутните дадоа и оценка на Форумската сесија.