УРБАНАТА ЗАЕДНИЦА „ПАНДЕ КАЈЗЕРО“, ОФ РОУД КЛУБОТ „ПЕЛИСТЕР“ И КУД „ИЛИНДЕН“ ДЕЛ ОД ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД

УРБАНАТА ЗАЕДНИЦА „ПАНДЕ КАЈЗЕРО“, ОФ РОУД КЛУБОТ „ПЕЛИСТЕР“ И КУД „ИЛИНДЕН“ ДЕЛ ОД ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД

Жителите на урбаната заедница „Панде Кајзеро“, заедно со членовите на Оф роуд клубот „Пелистер“, денес се вклучија во акцијата „Генералка викенд“ со расчистивуње на потегот од местото викано „Кај авионите“ до Црквата „Свети Атанасиј“ во Смолево. Граѓаните кои го расчистуваа овој простор, повикуваат на поголема одговорност од населението кон животната средина, затоа што, иако просторот „Кај авионите“, само пред неколку денови беше целосно исчистен, денес овој дел, повторно беше исполнет со отпад.
Примерот кој треба да биде поттик за поголема грижа за средината во која живееме, беше претставен и од страна на членовите на Културно уметничкото друштво „Илинден“, кои го расчистија просторот кај Урбаната заедница „Даме Груев“.
Собраниот смет, го отстранија екипите на јавното претпријатие „Комуналец“, кое заедно со општината и другите јавни претпријатија, се главни координатори на акцијата „Генералка викенд“ во Битола.