УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ ГО ОДБЕЛЕЖУВА ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК

УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ ГО ОДБЕЛЕЖУВА ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК

Со полагање цвеќе пред споменикот на „Свети Климент Охридски“ и свечена седница на Универзитетскиот сенат и ректорската управа, денес Битоплскиот универзитет го започна одбележувањето на патрониот празник. На свеченоста, која се одржа во Офицерскиот дом, присуствуваше и градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски заедно со ректорот и проректорите на Универзитетот, сенаторите на универзитетот, деканите и директорите на единиците кои што функционираат во рамки на битолскиот универзитет.
Пристутните ги поздрави ректорот проф.др. Игор Неделковски, кој им додели парични награди и пофалници на најдобро дипломирани студенти во академската 2021/2022 година.
Во име на наградените се обрати Сибела Мамудоска која дипломирала на Економскиот факултет во Прилеп со просек 10.
Беше формиран и советот на ректори, а присутните имаа можност да го слушнат и ораторскиот говор на Антонио Чоневски кој го освои првото место на држаниот ораторски натпревар во организација на Европското движење, а под менторство на професорката Билјана Граматковски од Педагошкиот факултет.
Свеченоста беше надополнета со музички изведби од ученици од Средното Музичко училиште во Битола.