Традиционална трка на штикли на Широк Сокак
Во Битола по четврти пат во организација на Младински културен центар, се одржа познатата „Трка на штикли“.
Трката на штикли ја симболизира силата на современата девојка и жена во цивилизираното општество освојувајќи го светот на високи потпетици. Манифестацијата покрај тоа што има забавен карактер, дополнително ја потенцира и посебноста на една од најамбиенталните улици на Блаканот „Широк Сокак“, каде високите потпетици се одраз на истенченото чуство за мода издигнато до ниво на уметност.
Манифестацијата, која се организира во рамките на битолско културно лето.
БИТ ФЕСТ, го следи трендот на најпознатите светски трки по меѓународни стандарди, како што се трките на штикли на улиците Кнез Михајлова во Белград и Страдун во Дубровник.
Дваесетгодишната битолчанка Анета Јанкуловска е победник на годинешната „Трка на штикли“ на Широк Сокак во Битола.
Годинава манифестацијата имаше интернационален карактер каде учество зедоа 14 девојки, 11 од Македонија и 3 од Турција.