ТРИБИНА НА ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ: ПРОБЛЕМИТЕ НА МЛАДИТЕ ВО ЛОКАЛНАТА СРЕДИНА

ТРИБИНА НА ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ: ПРОБЛЕМИТЕ НА МЛАДИТЕ ВО ЛОКАЛНАТА СРЕДИНА

Здружението за меѓународна младинска соработка „Интерактив“  Битола во соработка со Правниот факултет, организираше јавна трибина на тема „Проблемите на младите во локалната средина“. На трибината се доделија дипломи за почесни членови на здружението „Интерактив“ како и благодарници за поддршка на работата на здружението, на градоначалниците од пелагонискиот регион, новинари, здруженија на граѓани, поединци, Правниот факултет, на средните училишта. На настанот присуствуваше и градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска. На трибината говореа деканот на Правнит факултет, проф. д-р Горан Илиќ, м-р Сања Мучкајева Видановска – писателка, м-р Ивона Шушак – Правен факултет и м-р Никола Илиевски – Students For Liberty.