ТИМОТ НА ПЕТРОВСКА ПОБЕДНИК ВО НАТПРЕВАРОТ ВО КУГЛАЊЕ

ТИМОТ НА ПЕТРОВСКА ПОБЕДНИК ВО НАТПРЕВАРОТ ВО КУГЛАЊЕ

Синоќа се одржа завршницата од проектот „Кугламе и сме среќни“ во кугларницата во Спортската сала „Боро Чурлевски“. Пред голем број љубители на овој спорт, кои едвај ги собра во кугларницата, се натпреваруваа осум екипи, кои беа предводени од јавни личности и лица кои го потпомогнаа куглањето во Битола.

Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска беше предводник на еден од тимовите на младите куглари, ентузијасти. Иако натпреварот имаше ревијален карактер, победи екипата предводена од градоначалничката Наташа Петровска, која даде голем придонес за освојување на првото место, на радост на учесниците во екипата.

Покрај Петровска, тимовите ги предводеа пејачот Димитар Андоновски, Никола Чобановски од кафулето „Аеро“, Радојка Димитријевска од SN финансии, Горан Упале претставник на gol.mk, Нико Берберу директор на „Витаминка“, актерот Марјан Ѓорѓиевски, Славчо Ристески  од РС „Боби“, Весна Божиловиќ од продукцијата tvb.mk и Сашо Ристевски од bitolanews.mk.