Во рамките на проектот „Бенефит“ – „Подобрување на енергетската ефикасност на објекти : Демонстрација за јавни објекти “ (Building ENergy EFficiency ImprovemenT: Demonstration for public buildings) од првиот повик од Програмата за прекугранична соработка со Грција 2014-2020 (Interreg IPA Programme Greece-Former Yugoslav Republic of Macedonia 2014-2020) се одржа технички состанок во Битола.
Главната цел на проектот е да се зајакнат капацитетите на локалните самоуправи во прекуграничната област на Грција и Македонија, преку планирање на енергетска ефикасност за надградба на енергетските перформанси на јавните згради, како и да се зголеми енергетската во јавноста за придобивките од енергетската ефикасност. Проектот предвидува неколку активности:
– развивање и тестирање на интегрирана платформа за поддршка на одлуките на јавните органи за да го олеснат планирањето, финансирањето, спроведувањето и следењето на плановите и проектите за енергетска ефикасност на јавните згради;
– пилот имплементација на јавен објект, со овој проект е предвидено енергетска реконструкција на Спортската сала Боро Чурлевски и набавка на филтер во котларата која што е во склоп на Спортската сала Боро Чурлевски и
– четири финансиски поддржливи проекти за енергетска ефикасност на четири јавни објекти во Општина Битола.
Проектот е со вкупно планиран буџет од 1.159.475 евра од кои 392.072 евра се планирани за Општина Битола. Покрај Општина Битола партнери во проектот се Министерството за внатрешни работи и административна реконструкција (Ministry of Interior and Administrative Reconstruction – former Ministry of Macedonia and Thrace – YPESDA) oд Република Грција, Јавното претпријатие за урбанистичко планирање, проектирање и инженеринг – Битола, Центар за обновливи енергетски извори и заштеди (Centre for Renewable Energy Sources and Saving – CRES) oд Република Грција и Кластер за Биоенергија и Животна средина (Cluster of Bioenergy and Environment of Western Macedonia-CluBE) oд Република Грција.