ТЕСТИРАЊЕ НА КАНДИДАТИТЕ ЗА РЕОНСКИ ПОПИШУВАЧИ ПРИЈАВЕНИ НА ДОПОЛНИТЕЛНИОТ КОНКУРС

ТЕСТИРАЊЕ НА КАНДИДАТИТЕ ЗА РЕОНСКИ ПОПИШУВАЧИ ПРИЈАВЕНИ НА ДОПОЛНИТЕЛНИОТ КОНКУРС

Кандидатите за реонски попишувачи кои се пријавија на дополнителниот конкурс, објавен од Државниот завод за статистика, за пописниот реон 20 кој ги опфаќа општините Битола, Могила и Новаци, ќе се тестираат утре во средното општинско економско училиште „Јане Сандански“ во Битола. Термините за тестирање се поделени во две групи, првата од 13.30 до 14.15 и втората група од 15.15 до 16:00 часот.

Тестирањето ќе биде организирано според пропишаниот протокол на Министерството за здравство за заштита од КОВИД 19, а кандидатите потребно е да дојдат во училиштето 10 минути пред закажаниот термин и на себе да носат заштитна маска КН 95. Распоредот за тестирање е објавен на веб страната на општина Битола, како и на седиштето на пописната комисија. Од страна на пописната комисија кандидатите ќе бидат и телефонски известени за терминот и просторијата во која се распоредени за тестирање.

Доколку, има кандидати кои се пријавиле на првиот конкурс, а поради одредени причини не биле во можност да дојдат на тестирањето кое беше организирано и спроведено на 11.03.2021 година, за да можат да бидат тестирани на 22.03.2021, потребно е да извршат потврдување на терминот за тестирање на телефонскиот број 075276982.