СТУДЕНТСКИОТ ДОМ „КОЧО РАЦИН“ СО ПРИСТАП ЗА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ

СТУДЕНТСКИОТ ДОМ „КОЧО РАЦИН“ СО ПРИСТАП ЗА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ

Студентскиот дом „Кочо Рацин“ во Битола, со новата реконструкција, за првпат има адаптирани услови за студентите со атипичен развој. Новите адаптирани простории ги посетија министерката за образование Мила Царовска, министерот за локална самоуправа Горан Милевски, амбасадорката на Швајцарија, Сибиил Сутер, градоначалничката Наташа Петровска и директорот на ЦРППР Гого Видимче.

Министерката за образование и наука Мила појасни дека пред неколку седници Владата ја усвоила информацијата за отварање на програма за инвестирање во сите студентски домови кои што треба да станат енергетски ефикасни, но истовремено и современи и модерни за да можат да бидат користени од сите ученици, вклучително и на оние со атипичен развој и оние кои имаат различни потреби за поинаков и посоодветен пристап до истите тие згради.

Градоначалничката Наташа Петровска посочи колку во овој настан големо значење има поимот здружување.

„Овој настан има големо значење – што значи здружувањето, што значи заедничкото работење. Здружувањето на 9-те општини кои го одржуваат финансиски Пелагонискиот плански регион, здружувањето на Форумот на заедниците, здружувањето на министерствата, во случајов Министерството за локална самоуправа и Министерството за образование, здружувањето со сите наши пријатели, во случајов со Швајцарија и Швајцарската амбасада, покажува дека навистина заедно можеме да направиме многу повеќе. Заедно можеме да извлечеме еден ваков успешен проект на инклузија, каде што покажуваме дека сите имаме само различни потреби за поддршка. Но, кога ќе ги надминеме и ги реализираме, едноставно добиваме шанса повеќе за поубаво живеење на сите заедно. Денешниот проект е токму показател на сето тоа. Им се заблагодарувам на сите партнери и нивната вложена енергија, затоа што ова покажува дека светот може да биде поубаво место за живеење. Во овие околности на здравствена криза во која се наоѓаме, ваквите проекти и ситуации вдагнуваат сила и покажуваата дека човесштвото е посебно, дека носи елементи кои што не прават специфични на земјава“, рече Петровска.

Во рамките на проектот реновирани и опремени се 6 соби за 15 лица кои вклучуваат тоалети, кревети, бироа, шкавчиња и столчиња, изведена e дренажа околу целиот објект, извршена е замена на кровот, реновирана и опремена е инклузивна училница за работа на Центар за психосоцијална поддршка на лица со посебни потреби во Пелагонискиот регион. Набавена е ИТ опрема ( комјутер и проектор) за потребите на студентскиот дом.

Проектот се реализираше во рамките на Грантовата шема за инвестициски проекти во областите на социјална инклузија на проектот: ”Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој” во имплементација на Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка.