СРЕЌНА НОВА 2024 ГОДИНА!

СРЕЌНА НОВА 2024 ГОДИНА!

Во прекрасна атмосфера на Платото пред Офицерскиот дом, синоќа Битола ја дочека Новата година. За крај на „Зимската приказна“ и успешен почеток на Новата година, програмата беше исполнета со „Eruption Band“, „Elicsir band“, Групата „Чоканче“ и Битолскиот дувачки оркестар надополнет со Стендап комедија на Марјан Ѓорѓиевски. Точно на полноќ, впечатливи светлосни ефекти го означија почетокот на 2024 година, а градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски на сите граѓани им посака многу здравје, среќна и успешна година.

Традиционално, планинарите од групата „Олимпус Монс“, синоќа го започнаа искачувањето на Пелистер, како дел од првиот настан за оваа година, насловен „Први на први“.