По повод меѓународниот ден на жената осми март, градоначалникот на општина Битола д-р Владимир Талески, денес оствари средба со женските здруженија и невладини организации од општина Битола. На средбата се раговараше за проектите кои ги реализираат здруженијата и невладините организации, идните планови и активности.
Градоначалникот на Општина Битола д-р Владимир Талески, по повод денешниот ден испрати честитка до сите жени посакувајќи им добро здравје, среќа, радост и многу љубов 365 дена во годината.