По повод одбележувањето на 40 годишнината од формирањето на младинското работно ангажирање „Стрежево“, Градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска, денес имаше средба со првиот претседател на општинската конференција на Сојузот на социјалистичката младина на Македонија – Битола, Душко Јанкуловски. Градоначалничката Петровска, им даде посебно признание за нивната ангажираност во изградбата на ХС Стрежево, како и нивното младинско работно ангажирање за изградбата на „Пат на младоста“.
Програмските активности на здружението за доброволно младинско работно ангажирање Волонтери – Пелистер, Битола, по повод 40 години МРА Стрежево, исто така се поддржани од градоначалничката на Општина Битола, а ќе се реализираат во сабота.