СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ПЕТРОВСКА СО СПОРТСКИТЕ РАБОТНИЦИ

СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ПЕТРОВСКА СО СПОРТСКИТЕ РАБОТНИЦИ

Со цел да се согледаат потребите на спортските работници и лицата кои се занимаваат со спорт и спортски активности, градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска организираше средба со претставници на спортските клубови и индивидуални спортисти.

На самиот почеток од средбата беше прикажан видео материјал за досегашната поддршка на оваа локална самоуправа во спортот и спортските објекти. Градоначалничката имаше вовведно излагање за актуелната состојба во оваа област. Пред донесувањето на програмата за спорт за 2020 година, градоначалничката ги сослуша предлозите и забелешките на спортските работници, со цел да може да се земат во предвид распределбите на средствата наменети за спортот.

Дел од соговорниците искажаа со какви проблеми се соочувават нивните клубови, или пак спортови кои не се така масовни и популарни кај јавноста, но сепак егзистираат на овие простори.

Градоначалничката Петровска посочи дека оваа локална самоуправа води грижа не само за колективните спортови, туку и за успесите на поединци, но и на мали екипни спортови кои го развеале знамето на Македонија надвор од нашата земја. Таа исто така посочи дека женските спортови биле застапени само со 5% од општинскиот буџет, сеедно дали станува збор за колективни или поединечни натпревари.

Оваа средба е дел од средбите кои што градоначалничката Петровска ги реализира на различни тематски области со засегнатите страни, во насока на подобро насочување на локалниот буџет, во корист на севкупното население во општината.