СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА НАТАША ПЕТРОВСКА СО ГРЧКИОТ КОНЗУЛ ВО БИТОЛА

СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА НАТАША ПЕТРОВСКА СО ГРЧКИОТ КОНЗУЛ ВО БИТОЛА

Градоначалничката на општина Битола, м-р Наташа Петровска, денес оствари работна средба со конзулот на Република Грција во Битола. На средбата со г-дин Николаос Каралекас, градоначалничката Петровска разговараше за повеќе прашања, особено на теми насочени кон интензивирање на понатамошната соработката, како и реализација на конкретни проекти, значајни за понатамошен напредок и соработка на општините од двете страни на границата.