Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, оствари средба со австрискиот амбасадор, Мартин Памер, кој гостува во Битола, по повод отворањето на 44 издание на ИФФК „Браќа Манаки“. Амбасадорот Памер и градоначалникот Коњановски, разговараа за повеќе теми, меѓу кои, амбасадорот Памер со своето долгогодишно искуство во областа на културата, посебен акцент стави на зајакнување на културната соработка помеѓу Битола и повеќе австриските градови. Тој потенцираше дека, Битола со својата културна понуда и фестивалска традиција, има големи можности за културна промоција, а со тоа претставува и привлечно место за гостување на познати уметници од Австрија.
Градоначалникот Коњановски, додаде дека, локалната самоуправа, дејствува токму во таа насока и е подготвена да даде поддршка на сите настани и манифестации, кои значат голем придонес, во збогатувањето на културното живеење на градот.