СО „ШЕКСПИР КОЛАЖ“ ЗАПОЧНА ЕДИНАЕСЕТИОТ БИТ ФЕСТ И ПЕТТИОТ ШЕКСПИР ФЕСТИВАЛ

СО „ШЕКСПИР КОЛАЖ“ ЗАПОЧНА ЕДИНАЕСЕТИОТ БИТ ФЕСТ И ПЕТТИОТ ШЕКСПИР ФЕСТИВАЛ

Со атрактивниот музичко – сценски колаж „Шекспир колаж“ на сцената на НУ Народен театар Битола, синоќа започна единаесетото издание на битолското културно лето „БИТ ФЕСТ“ и петото издание на Интернационалниот „Битола Шекспир фестивал“. Програмата на јубилејното петто издание на „Битола Шекспир фестивал“ е објавена и на веб страницата на Европската асоцијација на Шекспир фестивали, во која членуваат земји од целиот свет. Во рамките на овогодинешната програма на „Битола Шекспир Фестивал“, предвидени се гостувања на шест реномирани театарски куќи од Бугарија, Русија, Романија, Словачка, Казахстан и САД и шест претстави на театарски куќи од Република Македонија. Битолското културно лето „БИТ ФЕСТ“, оваа година, содржи околу 250 наслови, кои во текот на летниот период, во Битола, ќе обезбедат активен и динамичен културен живот.