СО ЦЕЛ ИНТЕНЗИВИРАЊЕ НА ГРАДЕЖНИТЕ АКТИВНОСТИ, ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТОНИ КОЊАНОВСКИ ДЕНЕС ВО ПОСЕТА НА ПОВЕЌЕ ОБЈЕКТИ

СО ЦЕЛ ИНТЕНЗИВИРАЊЕ НА ГРАДЕЖНИТЕ АКТИВНОСТИ, ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТОНИ КОЊАНОВСКИ ДЕНЕС ВО ПОСЕТА НА ПОВЕЌЕ ОБЈЕКТИ

Во насока на согледување на состојбата на градежните активности и интензивирање на динамиката на изведба, Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска на терен изврши увид на реализација на два инфраструктурни проекти: реконструкцијата на локалниот пат за село Трново и изградбата на детската градинка во АРМ.

Градоначалникот Коњановски, ја посети и локацијата на мостот кај Саат кулата, каде се изведуваат реконструктивни зафати.

Констатирано е дека, потребно е забрзување на градежните активности, со цел ефикасно финализирање на истите.

Со ваквото делување, Градоначалникот Коњановски, продолжува и во следниот период, со цел завршување на што повеќе од инфраструктурата во Општината, пред промената на временските услови.