СОЦИЈАЛНИОТ ПРОЕКТ “ДА СЕ ДАДЕ ШАНСА НА ЕДНО ДЕТЕ”

СОЦИЈАЛНИОТ ПРОЕКТ “ДА СЕ ДАДЕ ШАНСА НА ЕДНО ДЕТЕ”

Битолчанката Марија Росангрен, која живее и работи во Стокхолм, Шведска и Општина Битола, трета година по ред во Основното училиште „Ѓорги Сугарев“, го промовираа социјалниот проект „Да се даде шанса на едно дете“. Корисници на хуманитарната помош се децата кои учат во посебните паралелки на ОУ „Ѓорги Сугарев”, како и деца од социјално загрозени семејства. Ќе помагаме на деца во училиштето што се социјално загрозени и да може да се хранат секој ден, особено на оние деца чии родители тоа не можат да им го овозможуваат секојдневно – истакна Росангрен. Од Општината Битола истакнуваат дека соработката ќе продолжи и понатаму. Оваа беше плодна соработка, а сега ја прошируваме, на размена меѓу училиштата, изјави Снежана Петровска, советник за образование при Општината Битола. Во посебните паралелки во ОУ „Ѓорги Сугарев” – Битола учат 37 деца, а оваа помош ќе ја користат и 48 деца од категоријата социјално загрозени.

sugarev 1 sugarev 2 sugarev 3 sugarev 4 sugarev 5 sugarev 6 sugarev 7 sugarev 8

SONY DSC

SONY DSC

SONY DSC

SONY DSC

SONY DSC

SONY DSC

SONY DSC

SONY DSC