СОУ „ТАКИ ДАСКАЛО“ СО ЗНАЧАЈНИ ИНФРАСТРУКТУРНИ ПРОЕКТИ ВО 2022 ГОДИНА

СОУ „ТАКИ ДАСКАЛО“ СО ЗНАЧАЈНИ ИНФРАСТРУКТУРНИ ПРОЕКТИ ВО 2022 ГОДИНА

Изминатата година, во СОУ „Таки Даскало“ беа реализирани голем број проекти, кои се значајни за осовременувањето и унапредувањето на условите за учење и работа, со цел уште повеќе да се подигне квалитетот на воспитно-образовниот процес.

Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски го посети училиштето, воочи почетокот на второто полугодие од наставниот процес. Од страна на директорот Ристо Грујовски и дел од вработените во училиштето, беше запознат со реализираните проекти.

Во однос на надворешноста на училиштето, со средства од општина Битола, се уредија спортските терени, односно теренот за футсал, кошаркарското и одбојкарското игралиште и истите се осветлени со соодветни рефлектори. Комплетно хортикултурно е уреден училишниот двор, со поставување на соодветна урбана опрема, со што за овие активности се одвоени околу 4,5 милиони денари. Поплочен е просторот околу спортските сали со бехатон плочки, а КЈП „Нискоградба“ направи обиколна дренажа.

За училиштето, рече Груевски, со средства од општината е набавена нова компјутерска опрема за кабинетот по информатика во вредност од 440.000 денари, односно 16 перонални компјутери, лап топ и останата компјутерска опрема.

Градоначалникот Коњановски беше информиран и за поднесената апликација за добивање грант од Јапонска амбасада, наменет за промена на електричната инсталација во Блокот Б, важен елемент за енергетската ефикасност и стабилност на објектот.

Градоначалникот исто така посочи дека и во наредниот период општината постојано ќе вложува во подобрување на условите за образование на сегашните и идни генерации ученици, кои се наш столб за квалитетна иднина.