СООПШТЕНИЕ

СООПШТЕНИЕ

Општина Битола ги известува граѓаните дека поради отпочнување на спроведувањето на одлуката за означување на условите и утврдување на режимот на сообраќај во централното градско подрачје (Сл. Гласник на Општина Битола бр.7/99), во периодот од 10.06.2020 година (среда), до 10.09.2020 година, во терминот од 19 часот до 24 часот, се забранува моторниот сообраќај со поставување на физички препреки, на спојот на ул. „Димитар Илиевски Мурато“ и ул. Широк Сокак, со што се овозможува безбеден пешачки сообраќај.