СЕ ЧИСТИ И РАЗУБАВУВА БИТОЛА

СЕ ЧИСТИ И РАЗУБАВУВА БИТОЛА

Општина Битола, во соработка со ЈП Комуналец, ЈП Водовод и КЈП Нискоградба, спроведува повеќе активности за поубава и почиста Битола. Работните активности кои почнаа минатата седмица, на денот на екологијата и со почетокот на пролетта, продолжуваат со зголемен интензитет:

  • Исчистен е патот до Црквата „Свети 40 маченици“, кај месноста Кркардаш во должина од 500 метри
  • Исчистена е депонија во населбата „Мал Париз“
  • Подигнато е вкупно 250 м³ отпад
  • Исчистени се повеќе мали депонии
  • Поставени се висечки жардињери низ Широк Сокак, а денес цветно се уредува и просторот кај „Саат кулата“ и на улица „Рузвелтова“
  • Следуваат активности за расчистување и оплеменување на парковите и зелените површини.

Грижата за чистата животна средина и поубава Битола, мора да биде континуирана и заедничка, во постојана соработка на локалната самоуправа, јавните претпријатија, институциите и граѓаните.