Во моментов на неколку локации во населбата Девеани се работи на покривање на децениски заостанатата кал. Досега се затворени над 800 каллива површина, а активностите продолжуваат и во наредниот период.
Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска се сретна со локалното население, кое се заблагодари на интервенциите за санација на нивните улици. Дечињата со радост и насмевка велат дека сега можат да играат и да трчаат, без да ја донесат прашината и калта во нивните домови.
Реконструктивните зафати во овој потег продолжуваат и понатаму, а наскоро ќе биде затворена нова делница, со што ќе се реализира уште еден проект на решавање на проблем на лице со телесен инвалидитет.