Започнаа активностите за реконструкција на коловозот на локалниот пат до село Дихово, во должина од 1200 метри.
Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, денес изврши увид во теренските активности и беше запознат со динамиката на изведба на градежните работи.
Со реконструкцијата, ќе се добие обновено патно поврзување на оваа рурална туристичка атракција во непосредна близина на градот, во која уживаат и битолчани и странски туристи.
Инвестицијата на општина Битола за реконструкцијата на локалниот пат до селото Дихово изнесува 5.640.000 денари.