На иницијатива на Општина Битола, а во соработка со Јавното претпријатие за државни патишта, „Македонија пат“ и ЈКП „Нискоградба“ од Битола, после завршените подготвителни активности, денес официјално започнаа градежните работи за реализација на проектот „Надградба и поправка на коловоз на патен правец Р1101 – клучка Крклино – влез во Битола“, како и изградба на атмосферска канализација. Уредувањето во овој дел, ја претставува првата фаза во која се реализира половината од проектот за булеварско решение, со кој што Битола ќе добие булеварски влез во градот. „На мое задоволство денес започнуваме со изведбените активности на ул. „8 септември“ – влезот во Битола од страната на Прилеп, којшто подолго време беше горлив проблем за Општина Битола. Години наназад овој зафат се наоѓаше во програмата за уредување на градежно земјиште на Општина Битола, но за жал, ситуацијата беше таква – каква што ја гледавме до денешниот ден. Задоволна сум, што лобирањето до јавното претпријатие за државни патишта, во месец ноември беше успешно, така што заедно со претпријатието и во синхронизација со ЈКП „Нискоградба“, ќе го уредиме влезот во Битола. Синхронизираното делување е неопходно затоа што, ако се санира само асфалтот не е решение, затоа што во тој случај заради незаштитениот дел од водите кои што надоаѓаат би напукнал и не би имале успешна приказна. Затоа, одлучивме да работиме синхронизирано, така што Општина Битола со над 8 милиони денари влегува во инвестиција, во уредување во делот на канализационата мрежа во должина од над 400 метри, кој што е дел од булеварското решение од овој влез во нашата општина. Се радувам, што конечно, битолчани и сите посетители при влезот во Битола, нема да се соочуваат со дупките кои катадневно ги имавме во нашиот град“, изјави градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска на денешната прес конференција кога изврши и увид на почетокот на градежните активности на овој дел од градот. Втората половина од проектот за булеварски влез ќе се реализира по завршувањето на постапката за експропријација, која моментално комплетно е насочена кон експропријација на градежното земјиште за изградба на пречистителната станица. Денес, повторно поставени се семафори за ставање во функција на обиколницата над Битола, што истовремено е проект од голема важност, но и моментална неопходност, со цел да не се почувствува оптоварување во сообраќајот во периодот додека траат градежните активности на влезот во Битола од страната на Прилеп.
- УСЛУГИ
- Службени гласници
- Информации за буџет на општина Битола
- Постапка за планирање и донесување на буџет
- Граѓански Буџет
- Буџетски форуми
- Финансиски капацитет на Општина Битола
- Буџет на Општина Битола за 2024
- Предлог буџет на Општина Битола за 2024 година
- Буџет на Општина Битола за 2023 година
- Предлог буџет на Општина Битола за 2023 година
- Буџет на Општина Битола за 2022 година
- Предлог буџет на Општина Битола за 2022 година
- Буџет на Општина Битола за 2021 година
- Предлог буџет на Општина Битола за 2021 година
- Буџет на Општина Битола за 2020 година
- Предлог буџет на Општина Битола за 2020 година
- Буџет и ребаланси 2020
- Буџет и ребаланси 2019
- Буџет и ребаланси 2018
- Буџет и ребаланси 2017
- Буџет и ребаланси 2016
- Буџет и ребаланси 2015
- Буџет и ребаланси 2014
- Буџет и ребаланси 2013
- Буџет и ребаланси 2012
- Буџет и ребаланси 2011
- Буџет и ребаланси 2010
- Буџет и ребаланси 2009
- Буџет и ребаланси 2008
- Буџет и ребаланси 2007
- Буџет и ребаланси 2006
- Буџет за 2005 година
- Буџет за 2004 година
- Буџет за 2003 година
- Буџет за 2002 година
- Буџет за 2001 година
- Квартални извештаи
- Завршни сметки
- Завршни сметки на основни училишта
- Завршни сметки на средни училишта
- План за јавни набавки
- Пристап до информации од јавен карактер
- Огласи за постапка за јавна набавка
- Oфицери за заштита на лични податоци
- Службеник за млади
- Годишен план за спречување на корупција
- Заштитено внатрешно пријавување
- Постапка за заштита од вознемирување на работно место кај работодавачот
- Процедура за внатрешна комуникација
- Барања за еднократна финансиска помош
- Граѓанско учество и граѓански организации
- Ревизорски извештаи
- Извештаи од извршен инпекциски надзор