СЕ АСФАЛТИРА УЛИЦАТА КУЗМАН ЈОСИФОВСКИ

СЕ АСФАЛТИРА УЛИЦАТА КУЗМАН ЈОСИФОВСКИ

Започна асфалтирањето на улицата „Кузман Јосифовски“ во Битола. Вкупната вредност на проектот со сите досега реализирани активности изнесува 15 500 000 денари. Градоначалникот на Општина Битола изрази голема благодарност до мештаните за трпението при реализацијата на досегашните активности, додека жителите на улицата покажаа искрено задоволство за надминувањето на проблемите со кои се соочуваа во досегашниот период на оваа улица во централното градско подрачје. „Овде веќе е сменета водоводната мрежа, канализацијата и еве сега после тампонирањето и поставувањето ивичници, започнавме со асфалтирање на улицата. Овој дел ќе биде завршен најдоцна до утре. Мислам дека, оваа е една од поважните улици, бидејќи се наоѓа во централното градско подрачје и е многу оптоварена со сообраќај и пешаци“, изјави градоначалникот на Општина Битола, д-р Владимир Талески. Градоначалникот на денешната прес конференција потсети дека, оваа градежна сезона општината, интервенира на повеќе локаци, меѓу кои улиците Апостол Здравевски, улицата Големо Езеро, улиците во поранешната касарна, како и на повеќе воспитно образовни објекти.

SONY DSC

SONY DSC

SONY DSC

SONY DSC

SONY DSC

SONY DSC

SONY DSC

SONY DSC

SONY DSC

SONY DSC

SONY DSC

SONY DSC

SONY DSC