СЕ АСФАЛТИРААТ УЛИЦИТЕ ВО НАСЕЛБА НЕДОПИРЛИВИ

СЕ АСФАЛТИРААТ УЛИЦИТЕ ВО НАСЕЛБА НЕДОПИРЛИВИ

Денес започна асфалтирањето на улицата „Милтон Манаки“ во населбата Недопирливи. Активностите интензивно продолжуваат и следните денови до комплетно завршување на проектот во чии рамки се изврши реконструкција на водоводната, канализационата мрежа и се поставува нов коловоз во должина над 2 километри.