СВЕЧЕНО ЗАТВОРЕНО 42 ИЗДАНИЕ НА МАЛИОТ БИТОЛСКИ МОНМАРТР

СВЕЧЕНО ЗАТВОРЕНО 42 ИЗДАНИЕ НА МАЛИОТ БИТОЛСКИ МОНМАРТР

Со свеченото доделување на наградите, денес заврши 42 издание на Малиот Битолски Монмартр. Највисоките награди беа доделени на следните учесници:

Најдобро школо на светската детска ликовна колонија е Simply Art  од Хонг Конг-Кина. Наградата е доделена по Статут од страна на Детско ликовно студио Свети Кирил и Методиј Битола преку Плакета, чиј покровител е градоначалникот на Општина Битола, а во негово име наградата ја додели заменик градоначалникот Бојан Бојковски.

Најдобар учесник – ученик на светската детска ликовна колонија за Мируна Иоана Морте – Романија. Ученичката доби и посебно признание од Здружението на занаетчии на Битола – сребрен крст кој е изработен во 1ООО годишен калап.

Доделени се и 12 награди за индивидуален ликовен пристап, како и благодарница на ОО Црвен Крст Битола за соработката со нивните волонтери.

За време на колонијата на која учествуваа 2О делегации од 15 држави од цел свет, а на која што твореа над 8О учесници, со вкупно 120 гости, беа создадени и оставени во трајна сопственост на студиото над 4ОО ликовни дела од 5 колониски дена во Битола и по еден во Охрид и Бигорски Манастир.

Од Детско ликовно студио Свети Кирил и Методиј Битола информираат дека делата од Манастирот Свети Јован Бигорски ќе бидат донирани на Бигорската Обител, додека со КИЦ Битола ќе реализираат заедничка изложба, како последниот колониски ден сите учесници – млади ликовни уметници го сликаа Офицерски дом – Битола.

Делегација на Детското ликовно студио Свети Кирил и Методиј Битола по церемонијата на наградување отпатува за Франција каде во Париз и Троа ќе земат учество на 3О јубилејна изложба на УНЕСКО, каде во конкуренција на 75 држави Детското ликовно студио Свети Кирил и Методиј Битола освои 2О признанија – 13 награди како и посебни признанија за студиото и претседателката Елена Хаџи-Антоновска.