СВЕТСКАТА ШАМПИОНКА ВО КИК БОКС МАРИЈА ДИМОВСКА НА СРЕДБА СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ

СВЕТСКАТА ШАМПИОНКА ВО КИК БОКС МАРИЈА ДИМОВСКА НА СРЕДБА СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ

Битолчанката Марија Димовска која освои златен медал на светското јуниорско WAKO првенство во Унгарија, денес заедно со својот тренер Александар Димовски, беа примени од страна на градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, кој испрати искрени честитки за постигнатиот успех.

Марија Димовска е првиот јуниорски (помлад јуниор) Светски првак од Македонија, а воедно и првата девојка која станала Светски првак по кикбокс во WAKO светската организација во која членува Македонската Кикбокс и Маитаи федерација.

Градоначалникот Коњановски, нагласи дека шампионскиот успех на Марија е гордост за Битола, а Општина Битола, покрај што беше значајна поддршка за нејзиното учество на светското првенство и понатаму ќе продолжи да биде поддржувач на успешните и талентирани спортисти, кои со своите резултати ја промовираат Битола во светски рамки.